„Внатрепартиската Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ”, претставена од професор д-р Оливер Андонов, во текот на вчерашниот ден (14.02.2024 год.), до Управниот Суд во Скопје поднесе ТУЖБА против ВМРО-ДПМНЕ, претставувана од професор д-р Христијан Мицкоски кој како претседател на партијата согласно член 35 став 1, алинеја 1 и алинеја 3 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, е Одговорно лице задолжен да се грижи за спроведување на Статутот на партијата и законско и уставно работење на Политичката Партија ВМРО-ДПМНЕ, соопштуваат од Внатрепартиската Фракцијата за демократизација и ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се вели дека со оваа Тужба, членовите на ВМРО -ДПМНЕ поддржувачи на внатрепартиската фракција, преземаат конкретни законски мерки и активности за заштита на законитоста и интересот на членови на ВМРО-ДПМНЕ од самоволието на нелегитимниот претседател Христијан Мицкоски.