дома Балкан Заедничка изјава на 28 странски амбасади во Грција: Историски момент легализацијата на...

Заедничка изјава на 28 странски амбасади во Грција: Историски момент легализацијата на истополовите бракови

38

    Со заедничка изјава, 28 странски амбасади во Грција го поздравија синоќешното изгласување на законот за истополовите бракови, коментирајќи дека станува збор за историски момент, јави дописничката на МИА од Атина.

Изјавата ја потпишуваат амбасадите на 14 земји членки од Унијата и уште толку од целиот свет, односно Холандија, Белгија, Канада, Шпанија, Јужна Африка, Норвешка, Шведска, Аргентина, Исланд, Португалија, Данска, Франција, Нов Зеланд, Уругвај, Велика Британија, Ирска, Луксембург, САД, Колумбија, Австралија, Финска, Германија, Малта, Австрија, Чиле, Мексико, Швајцарија и Естонија.

-Би сакале да го поздравиме усвојувањето на законот за еднаквост во бракот и признавањето на истополовите семејства. Проширувањето на фундаменталното право на брак на истополовите двојки беше важна пресвртница на патот кон еднаквост и достоинство за сите во сите наши земји. Овој историски момент го славиме заедно со народот, Парламентот и Владата на Грција“, пишува во заедничкото соопштение на дипломатските претставништва во Грција.

Грчкиот Парламент доцна синоќа со 176 гласа „за“ ги легализираше истполовите бракови.

Предходна„Волстрит џурнал“: САД подготвуваат нова пратка оружје за Израел
СледнаСобата со огледала на Путин