дома Магазин Килијан Марфи позираше за „Џи-кју“

Килијан Марфи позираше за „Џи-кју“

30

   Ирскиот глумец Килијан Марфи позираше за списанието „Џи-кју“ (GQ). Холивудската ѕвезда ја краси насловната страница на мартовскиот број, а уредништвото објави фотографии, но и видео со него на својот интернет-простор, што повлече многубројни коментари од обожавателките кои го сметаат за секс-симбол на денешнината.

„Го гледав ова видео одново и одново. Тој е толку убав“, „Колку сексапил во една снимка“, „Ова е премногу за мене“ – гласат дел од коментарите.

Марфи лани ја глумеше главната улога во филмот „Опенхајмер“, за што доби и номинација за Оскар“. И покрај тоа што е светска ѕвезда, неговиот приватен живот е тивок, а тој живее во Даблин со сопругата Ајвон Мекгинис, со која е 20 години во брак, и со нивните деца.  си/

Фото: Фејсбук-објава на „Џи-кју“, фотоисечок

ПредходнаНа премиерата на „Мадам Веб“, Дакота Џонсон во проѕирен фустан од сребрени ланчиња
СледнаКој може да биде дел од Европскиот фронт?! – Ковачевски: Не сме ја отстапиле власта на ДУИ!