дома Свет САД предложија резолуција до Советот за безбедност за поддршка на прекин на...

САД предложија резолуција до Советот за безбедност за поддршка на прекин на огнот во Газа

30

  САД предложија резолуција на Советот за безбедност на ОН со која се изразува поддршка за привремен прекин на огнот во Газа што е можно поскоро, пренесува Бета.

Во американската нацрт-резолуција, исто така, се наведува дека „во сегашните услови, голема копнена офанзива во Рафа ќе доведе до дополнително повредување на цивили и нивно дополнително раселување, вклучително и потенцијално во соседните земји“.

САД во текот на викендот соопштија дека ќе стават вето на резолуцијата предложена од Алжир.

– Постојано им ја изразивме оваа загриженост на нашите колеги во Советот. Поради оваа причина, САД не поддржуваат акција за таа нацрт-резолуција. Ако гласањето се земе како што е во нацртот, нема да биде усвоено, рече американската амбасадорката во ОН Линда Томас-Гринфилд.

ДПА претходно јави дека и покрај противењето на американската влада, Советот за безбедност на ОН сè уште планира утре да одржи гласање за прекин на огнот во Газа.

Нацрт-резолуцијата поднесена од Алжир и други ќе биде ставена на гласање во 10:30 часот по локално време во седиштето на ОН во Њујорк.

ПредходнаМКЦК ја истражува судбината на 23.000 лица исчезнати во војната меѓу Русија и Украина
СледнаЛенче Ристоска конечно доби канцеларија во Обвинителството на вториот мандат во Европравда