дома Македонија Економија На едно семејство месечно му требаат минимум 57.476 денари за да преживее

На едно семејство месечно му требаат минимум 57.476 денари за да преживее

  Минималните трошоци на едно семејство во февруари се зголемени за 313 денари во однос на јануари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка. 

Според денеска објавените податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во февруари изнесува 57.476 денари и во однос на јануари кога изнесувала 57.163 денари е зголемена за 313 денари.

Со изнајмен стан од 60 квадрати, минималните трошоци во февруари изнесуваат 72.851 денари и се зголемени за 213 денари во споредба со јануари.

Најмногу пари, односно 21.219 денари се потребни за храна, а потоа за режиски трошоци односно плаќање вода, електрична енергија и греење.

ПредходнаИзмените на Законот за академија за судии и јавни обвинители и Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поминаа комисискиот филтер во Собрание
СледнаПросечната нето плата во Хрватска во декември изнесувала 1.191 евро