дома Избрано Поинаков политички дискурс за позитивна промена на севкупната состојба во општеството

Поинаков политички дискурс за позитивна промена на севкупната состојба во општеството

57

  Обединетостконструктивност, заедничка цел, колективност, емпатија и соработка треба да се вистинските насоки кон кои ќе се стремат политичарите, но и медиумите и сите општествени чинители во земјата. Па, така и нивната реторика треба да се одвива во таа позитивна насока, наспроти секојдневието и штетната реторика, која, според експертите, предвизвикува несигурност и страв и влијае на менталното здравје на граѓаните и севкупните односи во општеството. 

Штетните наративи се креираат и се шират преку тврдења за корумпираност, нетранспарентност, неотчетност, непрофесионалност, злоупотреба на службена должност без обид за поткрепа на тие тврдења, етикетирање, напади на лична основа, грубо исмевање на лица или групи, намерно непренесување на целосната слика за „настанот“, изоставување на информации кои ја побиваат позицијата на тој што ги изнесува, употреба на зборови и формулации со кои се оцрнува одредена група на луѓе со цел да се предизвикаат поделби и раздори помеѓу нас, ние, нашето и вас, вие, вашето, реторика со која експлицитно или имплицитно, директно или индиректно се промовираат соопствените идеологии, активности, однесувања како нешто што е во корист на народот, широките народни маси, обичниот „чесен човек“, човечноста…

-Идеологиите, активностите, однесувањата, карактеристиките на политичките противници и опоненти се промовираат како нешто што служи на одредена мала елитна група на луѓе, која не ја одразува волјата на народот, објаснува професорката Елеонора Серафимовска, од Институтот за политичко-правни истражувања, која работи на истражувањето ШТЕТ-НА во рамки на Институтот за комуникациски студии.

Но, штетните наративи, потенцира таа за МИА, се конструираат и шират и со пласирање погрешни информации, злонамерни информации или дезинформации за да предизвикаат конфузија, сомнеж, ширење на страв, паника.

-Вообичаено, политичките партии тоа го прават со употреба и вклучување на емотивно оптоварени зборови кои предизвикуваат негативни емоции и чувства особено страв, гнев и омраза, посочува професорката.

Штетните наративи вообичаено се конструираат и шират преку медиумското „врамување“ односно кога медиумите намерно промовираат одредена рамка како да се восприемаат одредени содржини и преку ехо коморите.

Повикувајќи се на истражувањето на ИКС, ШТЕТ-НА, Серафимовска вели дека мониторингот на политичките партии и политичари покажува дека тие на своите Фејсбук профили најчесто користат пристрасно селектирање на информации и неосновано ја поткопуваат довербата во јавните институции.

-Имено, политичките субјекти во своите објави на Фејсбук најчесто намерно не ја пренесуваат целосната слика за некој настан или случување и намерно изоставуваат информации кои ја побиле позицијата на тој што ги изнесува. Освен ова еднострано прикажување на настаните/случувањата/појавите, политичките субјекти многу често изнесуваат тврдења за корумпираност, нетранспарентност/неотчетност, непрофесионалност, злоупотреба на службена должност без обид за поткрепа на тие тврдења. Политичките субјекти во својата комуникација со јавност преку Фејсбук не ретко прават неосновано оцрнување на другиот, напади на лична основа, па и демонизација на политичките противници, вели проф.Серафимовска.

Лабораторијата за дигитално форензичко истражување на Атлантскиот совет (ДФРЛаб), која работи на откривање на ширењето дезинформации преку Интернет, соопшти дека нејзините истражувачи утврдил

Слична е ситуацијата и со објавите на политичките субјекти на Интернет-страниците. Податоците за декември 2023 година покажуваат дека три политички партии пренесуваат штетни наративи на своите интернет-страници, а најчесто користен штетен наратив е неоснованото поттикнување на довербата во јавните институции. Неретко, на интернет-страниците ќе се најдат и пристрасното селектирање на информации, личните напади и популизмот.

Активна блокада во Собранието од дел од пратениците од опозицијата ја одбележа изминатата 2022 година година. ВМРО-ДПМНЕ почна со блокадата во мај, која, како што тогаш најавија од партијата,

Истражувањето ШТЕТ-НА дефинираше и предвиде „мерење“ на неколку штетени наративи кои во основа значат прикажување на светот во црна-бела боја, ние наспроти вие, доброто и пожелното наспроти лошото и непожелното.

Професорката Серафимовска посочува дека мониторингот покажал дека за среќа, не се многу чести употребата на зборови и формулации со кои се оцрнува одредена група на луѓе со цел да се предизвикаат поделби и раздори помеѓу нас и вас, како и употребата на зборови/реченици со кои се промовираат соопствените идеологии и однесувања како нешто што е во корист на народот и обичниот „чесен човек“. Штетните наративи како сексизмот, ксенофобијата, и говорот на омраза речиси и да ги нема во објавите на ФБ и интернет-стрaници. Заклучува дека штетните наративи кои светот го поларизираат и го прикажуваат во црно-бела боја се многу ретки во политичката комуникација на партиите и политичките субјекти.

Медиумите пренесувачи на штетните наративи без критичност

Владата на синоќешната седница донесе измени и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба, со која

Во делот на истражувањето ШТЕТ-НА што се однесува на медиумите, објаснува дека се анализира дали штетниот наратив го „призведува“ само новинарот, само политичкиот субјект или и двајцата.

-Кај телевизиите се забележува голема хетерогеност кај улогата на новинарот во креирањето на штетниот наратив. Додека кај поголемиот број телевизии кои се предмет на оваа анализа новинарот само ги пренесува штетените наративи на политичките актери/субјекти без никакава интервенција, или пак ги истакнува бeз да зазема некаков став, во дел од прилозите на некои телевизии (се издвојуваат две такви) гледаме повеќе ситуации каде новинарот директно учествува во креирањето на штетниот наратив, посочува таа.

Ситуацијата со онлјан медиумите е слична. Најголем број онлајн медиуми се со најголем број прилози во кои само политичкиот актер, не и новинарот, произведува штетен наратив, а новинарот само го пренесува. Сепак, додава Серафимовска, се издојуваат два онлајн медиуми, каде и новинарот е во улога на „производител“ на штетениот наратив.

-Понaтаму, иако тенденцијата на најголем број онлајн медиуми е да го пренесат штетниот наратив на политичкиот актер без каква било интервенција и завземање страна, сепак, некои онлјан медиуми, повторно се издвојуваат два такви, го пренесуваат штетниот наратив со експлицитно одобрување. Нема ниту еден онјалн медиум кој со осуда ги пренесува штетените наративи на политичките субјекти! Како најмногу што можат да направат новинарите/медиумите е да го пренесат штетниот наратив безпоговорно!?, потенцира професорката.

Влијанието на штетните наративи врз менталното здравје

Доцент д-р Ана Чучкова, од Меѓународниот славјански универзитет за МИА посочува дека начинот на комуникација со исклучување, негирање, отфрлање на спротивната страна без постоење на конструктивност, заедничка цел, колективност, емпатија и соработка создава еден колективен антагонизам.

-Антагонизмот создава антагонисти. Антагонизмот се создава од биполарност во секоја област. Сложеноста на проблемите не се разгледуваат рационално туку наспроти тоа се нудат само решенија со исклучување, негирање, отфрлање на спротивната страна. Не постои конструктивност, заедничка цел, колективност, емпатија, соработка. Така се создава еден колективен антагонизам. А луѓето со висок антагонизам не само што се непријатни да се во близина туку во крајност може и да резултира со растројство на личноста, создавајќи доживотна шема на неприлагодливо однесување и затегнати односи со другите, предупрeдува доц. д-р Чучкова.

Иако ваквата состојба не секогаш доведува до анксиозност, тоа се случува, па има неколку клучни начини како да ја избегнете, а тие вклучуваат - добро хранење, излегување надвор, „одмор“ од те

Создавањето на ваквата биполарност не е нешто ново кое не е познато во политичките структури, посочува таа, нагласувајќи дека всушност и класичниот марксизам зборува за создавање ваков поларитет поради трупање приватен капитал кој создава судир на интереси.

-Во нашиот случај преголемата моќ што ја уживаат, неказнивоста на неморалното…… создаваат колективен антагонизам. Политичката психологија знае дека несигурната, скептичната, недоверливата индивидуа многу лесно се прилепува до авторитети без некоја посебна рационална причина. Едноставно само заради чувство на припадност и лажна сигурност. Од друга страна постојаната несигурност, постојаното обвинување, создавањето ситуации кои изгледаат нерешливи и страшни создаваат кај индивидуата постојано чувство на страв. А стравот е разрушувачки за целото ментално здравје. Кога постојано сме изложени на негативни зборови, злонамерност…. нашето мислење се променува, вели таа.

Едноставно, потенцира доц. д-р Чучкова, почнуваме да размислуваме исто, почнуваме да напаѓаме затоа што постојано се чувствуваме нападнати.

Тоа што со години сме изложени односно сме сведоци на континуирана омраза, негирање, исмевање, омаловажување точно од нашите лидери, вели таа, покажува и сериозни отстапувања од личните морални вредности и симнување на сите лични критериуми во односот со луѓето околу нас.

-Тоа е највидливиот показател дека нешто сериозно се случува со менталното здравје на секоја индивидуа. Создавање недоверба од секого, анксиозност, чувство на постојан напад од некого и можеби најважното чувство на неадекватност т.е. неприпадност. Тоа се случува затоа што ние, нашите морални вредности ги мериме според нашите авторитети т.е. лидери. Тие имаат моќ и ние учиме од нив. На какво ниво е говорот на лидерите во односот со другиот на такво ниво ќе комуницираат и тие што ги следат, посочува доц. д-р Чучкова.

Доколку не слушаме конструктивна дебата и наместо тоа слушаме само напади и омраза, нагласува таа, нашето размислување се менува.

-Симнувањето на нашиот морален праг според прагот на „тие што имаат моќ” означува дека одиме наспроти самите себе си, наспроти нашиот индивидуален морален праг. Борбата со себе си, на пример: „знам дека не е во ред да запишам со врски дете во градинки, но морам затоа што морам да заработам пари за да го нахранам, а не го примаат“, е исцрпувачка, полна со стравови, нестабилност, објаснува психологот Чучкова.

Младите во државава се соочуваат со криза на лидерство, целосна апатија и желба да бидат многу повеќе слушнати. Сепак, се чини дека фокусот на светските и домашните кризи ги остави младите да

Ваквите континуирани негативни емоции се исцрпувачки, а резултатот е или тотално исклучување од општествените права и должности или целосно прифаќање на размислувањето, однесувањето и делувањето на граѓанинот точно како создавачите на овој антагонизам.

-Личноста почнува да размислува антагонистички без никаква конструктивна мисла. Девијантноста ќе се зголемува, поделбата на многу помали групи ќе се забрза и ќе има многу спротивставени групи, нагласува доц. д-р Чучкова.

Оваа кампања за претседателските и за парламентарните избори може да биде пресвртна во односите и пример доколку политичките субјекти покажат дека сакаат здраво општество и граѓани кои ќе учествуваат во сите текови, обединети и соработливи. Но, според она што досега го гледаме веројатно се мали шансите за такво нешто, а штетните наративи се и понатаму присутни.

Елизабета Велјановска Најдеска

Ана Цветковска

Фото: МИА/МИА архива

Видео и монтажа: Аслан Вишко

Овој текст е изработен во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на проектот „Користи факти“, што е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

ПредходнаГрчките земјоделци повторно со блокада на граничниот премин Евзони
СледнаМажите родени во овие знаци сакаат да одат на масажа, aма не признаваат