дома Македонија Фотографираните во „Пролет“ и „МТВ“ може да проверат на интернет дали им...

Фотографираните во „Пролет“ и „МТВ“ може да проверат на интернет дали им е готов пасошот

40

   Министерството за внатрешни работи (МВР) вечерва информира дека од денеска е ставена во функција, најавената можност, граѓаните на Скопје кои се фотографирале за нови патни исправи во редовна постапка на пунктовите „Пролет“ и „МТВ“, да го проверат статусот на нивниот пасош.

Како што се појаснува во соопштението од МВР, може да се види дали пасошот е во процес на изработка или тој е изработен и може да се подигне.

– Со оваа функција, значително ќе се придонесе кон намалување на гужвите што се создаваа, бидејќи граѓаните беа принудени да чекаат и по неколку часа, само за да се информираат дали нивниот пасош е изготвен, се наведува во соопштението.

Од МВР информираат дека во тек е надградување на овој систем, со цел да се овозможи ваквата проверка да биде достапна и за останатите пунктови, како и за статусот на личните карти.

Проверката може да се направи на https://termin.mvr.gov.mk/document_status

ПредходнаГрадоначалниците спијат-кучиња скитници касаат по градските улици
СледнаСаливан: САД, Израел, Египет и Катар се договорија за „основните контури“ на договорот за заложниците