дома Балкан Бугарија повторно и паметува на Македонија

Бугарија повторно и паметува на Македонија

16

  Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека вчера на сотстанок бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Софија поради, како што се наведува, „неодамнешните јавни коментари на политичари од соседната земја и лажните изјави од нивна страна за Република Бугарија“.

Во соопштението не е прецизирано на кои политичари и за кои тврдења се однeсува реакцијата, но се нагласува дека Софија „категорично се противи на обидот Бугарија и билатерални односи да се вклучуваат во внатрешната политичка дебата во Република Северна Македонија, вклучително и во контекст на актуелната изборна кампања“.

– Бугарија постојано одржува конструктивен тон и се воздржува од коментирање на постојаните провокации во јавниот простор на Северна Македонија. Тоа го прави со разбирање дека е неопходно да се обезбеди конструктивна средина за нормално одвивање на изборниот процес и средина на општествен спокој за да може да се спроведат потребните реформи. За жал, очигледно е дека овие напори на Бугарија не се разбрани и ценети од одредени фактори во Скопје, кои продолжуваат да ја користат нашата земја како изговор за недостигот на напредок пред своите граѓани, стои во соопштението.

Во него, бугарското МНР, „уште еднаш ја поканува политичката елита во Северна Македонија да ја покаже потребната политичка зрелост, да даде конструктивен придонес во спроведувањето на политичките обврски преземени во рамките на компромисот од 2022 година и стиктно да го почитува Договорот за добрососедство од 2017 година“.

– Тоа е единствената можност да се постигне вистински напредок во процесот на европска интеграција на земјата за доброто на нејзините граѓани, се вели во реакцијата од Министерството за надворешни работи на Бугарија.

ПредходнаНАТО почна голема воена вежба, ќе се подготвува за одбрана од евентуален напад
СледнаГодина и осум месеци затвор за сопственикот на „Беса Транс“, парична казна и четиригодишна забрана за вршење на меѓународен јавен превоз за правното лице