дома Uncategorized Барби полни 65 години: Култната кукла ги охрабрува младите девојки да ги...

Барби полни 65 години: Култната кукла ги охрабрува младите девојки да ги следат своите соништа

19

Инспирација за создавањето на оригиналната Барбика со руса коса во црно-бел костим за капење и малку закосени очи во 1959 година била Барбара, ќерката на нејзината креаторка Рут Хендлер. Таа ја осмислила куклата за да ѝ покаже на својата ќерка дека, ако сака, може да постигне сè што ќе посака во животот.

Уште од самиот почеток, Барби ги охрабрува младите девојки да ги следат своите соништа, а нејзината долга листа на достигнувања во кариерата треба да ги потсетува девојките дека можат да станат и да прават сè што ќе помислат.

Кукла Барби, барбика
 

Најпознатата кукла во светот се најде и на престижната листа на „Форбс“ за најмоќни жени во светот. Деловното списание ја вклучи на листата бидејќи од 1959 година Барби ја симболизира женската сила која го менува светот на подобро.

Барби денес има 250 различни работни места, а меѓу другото била и астронаутка, менаџерка и претседателска кандидатка. Со текот на годините, Барби беше и раперка (1992), циркузантка (1994), претставничка на „Авон“ (1999), матадорка (1999), наставничка по знаковен јазик (1999), консултантка во маркетинг компанијата „Мери Кеј“ (2003), астрофизичарка (2019) итн.

„На почетокот, Барби беше еднодимензионална и прилично нереална. Денес, имаме многу кукли Барби, а нашата компанија има поинаков поглед на овој бренд “, изјави извршната потпретседателка на „Мател“ Лиза Мекнајт за „Ројтерс“.

 

Денес, куклите Барби на пазарот се нудат во 35 нијанси на кожа, имаат 97 различни фризури и девет типови на тело. Меѓу нив се кукли во инвалидски колички, кукли со Даунов синдром, оние кои боледуваат од витилиго, покрупни кукли Барби и оние кои се родово неутрални.

Комерцијалниот успех на филмот „Барби“ („Barbie“) од 2023 година, во режија на Грета Гервиг, со Марго Роби и Рајан Гослинг во главните улоги, исто така придонесе за развојот на брендот. По премиерата на филмот, продажбата на куклата скокна за 16 отсто во третиот квартал. Ова е разлика за 605 милиони долари повеќе во однос на истиот период лани.

ПредходнаБиткоинот доживеа историски скок
СледнаДоделени „Оскарите“, најдобaр филм е „Опенхајмер“