дома Култура Пет романи во најтесен избор за награда „РОМАН НА ГОДИНАТА“

Пет романи во најтесен избор за награда „РОМАН НА ГОДИНАТА“

„Единствен матичен број“ од Лидија Димковска („Три“), „Ако се родат некакви
чувства: зборник за љубовта на Гоце и Јанка“ од Блаже Миневски („Матица
македонска“), „Заборав“ од Томислав Османли („ВиГ Зеница“), „Се уште можам
нешто да сторам“ од Фросина Пармаковска („Или – или“) и „Зелениот дворец“
од Сибо („Арс Либрис“) се петте романи што се најдоа во најтесен избор за
наградата „Роман на годината“ за 2023 година, што ја доделува Фондацијата за
унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Оваа одлука ја донесе жири-комисијата во состав Влада Урошевиќ (претседател
и минатогодишен лауреат), Бранко Цветковски, Марија Ѓорѓиева, Сашо
Огненовски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).
Наградата, чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје и која е
поддржана од Министерството за култура на Република Северна Македонија,
годинава се доделува по јубилеен 25-ти пат. Таа се состои од плакета,
оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Жири-комисијата ќе го соопшти името на лауреатот на оваа престижна награда
на прес-конференција што ќе се одржи во петок, 15 март, во кафе-книжарницата
„Буква“ во Скопје, со почеток во 12 часот.
ПредходнаДимитриевски: Претседателот на државата мора да каже „не“ кога станува збор за интересите на граѓаните
СледнаКејн прв дебитант во историјата на Бундеслигата кој постигнал четири хет-трика