дома Политика Меѓународен борд составен од САД, ЕУ и НАТО за проверка на функционерите...

Меѓународен борд составен од САД, ЕУ и НАТО за проверка на функционерите за корупција и руско влијание

12

    Кандидатот за претседател од ДУИ и актуелен шеф на дипломатијата Бујар Османи, како дел од својата платформа ќе бара ветинг за носители на политички функции, преку меѓународен борд којшто ќе го сочинуваат претставници од НАТО, ЕУ и САД.

-Дел од мојата платформа како претседател, ќе вклучува и „ветинг“ за сите носители на јавни функции. Што значи тоа? Меѓународен борд кој ќе ги сертифицира во две насоки носителите на јавни функции. Прво – во безбедноста, дали имаат некаква врска со рускиот интерес и второ – со корупција и организиран криминал, изјави Османи за емисијата „Рубикон“, на Клан Косова.

Додаде дека ќе бара во тој борд да биде и НАТО, поради, како што рече, безбедносното прашање, како и ЕУ и САД.

-Овој борд ќе треба да направи сертификација на секој носител на функција, почнувајќи од нас, изјави Османи.  

Османи не спомна дека на американската црна листа има член на потестното раководство на ДУИ и воопшто не успеја да го натераат да се откаже од високата градоначалничка функција .

За познавачите, оваа добра намера  наОсмани и ДУИ ,е само предизборен трик.

ПредходнаАмериканско разузнавање: Западен Балкан е загрозен од меѓуетнички конфликт
СледнаНедела на франкофонскиот филм од 15 до 22 март во Кинотека СКОПЈЕ