дома Живот Нај најдолговечните луѓе ги користат овие 3 трикови против стрес и долг...

Нај најдолговечните луѓе ги користат овие 3 трикови против стрес и долг живот!

13

Секојдневно се среќаваме со стрес. Некои во поголема мера, други во помала мера. Не е непознато дека стресот е поттик за многу болести, особено ако на него се додаде брз и нездрав начин на живот. Сепак, најдолговечните луѓе имаат начини кои им овозможуваат полесно да се справат со стресот и да имаат квалитетен и долг живот.

Според авторот Ден Батнер кој ги проучувал стогодишниците од жителите на „Сините зони“ кои вклучуваат Икарија (Грција), Лома Линда (Калифорнија), Никоја (Костарика), Окинава (Јапонија) и Сардинија (Италија) се фокусираат на три работи. Во овие делови од светот ги проучувал долги години нивниот живот и навиките како да се ослободат од стрес.

Дремка

Попладневната дремка е составен дел на жителите на Икарија. Како што истакнува Батнер, „целото село мирува за време на попладневната дремка“. Тој се повика на една швајцарска студија која истакнува дека редовното дремење може да го намали ризикот од срцеви заболувања. Настрана од придобивките за здравјето на срцето, попладневната дремка помага во балансирање на стресот. Околу половина час дневно е доволно за пауза од обврските.

 

 

Среќен час

Ако ги прашате жителите од Сардинија како да го намалат стресот и нервозата, тие ќе ви препорачаат една или две чаши вино дневно. Според Батнер, ваквите среќни часови се секојдневна појава за многу жители на Сардинија. Нивното вино по избор? „Канонау“, локална црвена сорта.

 

 

 

Молитва

За адвентистите кои живеат во Лома Линда, Калифорнија, молитвата е најголемото ослободување од стресот. Тие често одат во црква секоја сабота. Одењето во црква може да биде и можност за дружење со други луѓе.

 

 

ПредходнаКомпанијата на Маск ќе распореди стотици шпионски сателити за потребите на американската Влада и војска
Следна„Јazz fusion“ составотВасил Хаџиманов Бенд, го претставуваат својот нов албум Keyf