дома Балкан Рама се огласи: Важно е !

Рама се огласи: Важно е !

11

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека спроведувањето на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е од суштинско значење за мирот на Западен Балкан.

Рама изјави дека спроведувањето на Договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, како и неговиот анекс за имплементација, е од најголема важност за одржување на безбедноста, стабилноста и мирот на Западен Балкан.

Тој на социјалната мрежа Х напиша дека не е доволно само да се признае дека Договорот е правно обврзувачки.

„За да се обезбеди напредок, Договорот и Анексот за имплементација мора формално да бидат вклучени како интегрални делови на процесот на пристапување во ЕУ на Косово и Србија. Секое одложување на ова само го зајакнува статус квото. И статус квото на овој стратешки клуч за мирот, просперитетно и европско соседство среде Европа не и служи на безбедноста на самата Европа“, напиша Рама.

Предходна„Јazz fusion“ составотВасил Хаџиманов Бенд, го претставуваат својот нов албум Keyf
СледнаМоника Белучи ја откри тајната на својот беспрекорен изглед