дома Свет Воробјов потврди дека во нападот во Крокус Сити Хол загинале 40 лица

Воробјов потврди дека во нападот во Крокус Сити Хол загинале 40 лица

   Во терористичкиот напад во Крокус загинаа 40 лица, повеќе од 100 се повредени, потврди Андреј Воробјов, гувернерот на московскиот регион и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Тојн информира дека лекарите продолжуваат да им пружаат помош на сите настрадани.

– Лекарите состојбата на мнозинството ја оценуваат како умерена, а петмина се во тешка состојба, рече тој.

На терен се и два противпожарни хеликоптери.

– Главната задача сега е да се изгасне пожарот. Се шири на голема површина, информира Воробјов.

Неидентификувани маскирани вооружени лица отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.

ПредходнаЕСС: Минималната плата за 2024 година 22.567 денари
СледнаСветот сочувствува со рускиот народ за нападот во Москва