дома Политика Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска носители на листите за пратеници...

Ковачевски, Спасовски, Лукаревска, Филипче, Митрески и Петровска носители на листите за пратеници на СДСМ

13

Според информации на МИА од СДСМ, носител на листата на партијата и коалицијата во Првата изборна единица е Димитар Ковачевски а како втора ко-носителка е Моника Зајкова од ЛДП. во Втората изборна единица прв е Оливер Спасовски а зад него Фатмир Битиќи, во Третата Сања Лукаревска и Љупчо Николовски, во четворката Венко Филипче и Јована Тренчевска, во петката  Јован Митрески и Бисера Костадиновска, додека во Шестата изборна единица листата ја предводи Славјанка Петроска а зад неа е Агрон Демири.

На 28. Конгрес на партијата , и покрај големите кавги и несогласуванња во седиштето на партијата ,  се  носи конечна одлука за носителите на кандидатските листи за парламентарните избори, а пред делегатите е  презентирана и програмата за претстојните избори.

 

ПредходнаНајмалку 60 загинати и 145 повредени во терористичкиот напад во Москва
СледнаЈО: Полицијата во координација со јавен обвинител работи на откривање на сторител на убиството на лекарот во Железара