дома Свет Белорусија одржува воени вежби во близина на границите со ЕУ и Украина

Белорусија одржува воени вежби во близина на границите со ЕУ и Украина

  Белорусија денеска почна воени вежби во регионите што  граничат со Украина и две земји од Европската унија – Литванија и Полска, соопшти белоруското Министерство за одбрана, пренесоа британските медиуми.

Тридневните вежби во регионите Гомел и Гродно имаат за цел да ги обучат офицерите и војниците на територијалната одбрана како да ги заштитат соодветните региони и како да дејствуваат во случај на воведување воена состојба, прецизира Министерството во Телеграм.

Белорусија е најблискиот сојузник на Русија. Во текот на изминатите неколку години, односите на Минск со западните соседи и Украина сериозно се влошија, особено откако Москва ја искористи белоруската територија за својата инвазија, што ја почна на 24 февруари 2022 година.

ПредходнаОсуммина загинати во сообраќајна несреќа во Албанија
СледнаТројца загинати во лавина во Швајцарија