дома Свет Тројца загинати во лавина во Швајцарија

Тројца загинати во лавина во Швајцарија

12

Три лица загинаа, а уште едно е повредено во лавината што вчера попладне се спушти од планина во Рифелберг, во близина на швајцарскиот алпски ски-центар Цермат, соопшти полицијата.  Не е јасно дали  тос ае конечниот б рој односно дали има уште исчезнати.

Полицијата во кусо соопштение соопшти дека акцијата за пребарување е прекината затоа што бил отежнат пристапот до подрачјето каде имало многу снег.

Обилните снежни врнежи и многу силните ветрови ги поттикнаа властите да предупредат на значителен ризик од лавини во алпските региони на југот на Швајцарија.

Зимава веќе 14 лица загинаа во лавини во Швајцарија, во дванаесет одвоени несреќи. Повеќето од нив беа скијачи.

ПредходнаБелорусија одржува воени вежби во близина на границите со ЕУ и Украина
СледнаМијалков ги надмудри сите- конечно излегува од затвор!