дома Балкан Данка не е убиенa од удар со автомобилот, туку е задавена!

Данка не е убиенa од удар со автомобилот, туку е задавена!

15

Нинослав Чмолиќ, шеф на Управата за криминалистичка полиција во Србија, во телевизиско гостување изнесе нови детали за случајот.

Чмолиќ раскажа како осомничените мислеле дека Данка е мртва откако ја удриле со автомобилот и ја ставиле во багажникот, но девојчето во еден момент се разбудило.

Според нивното кажување, во близина на куќата двајцата застанале да уринираат и кога подоцна продолжиле го удриле девојчето и го ставиле во багажникот.

Чудното движење на нивното возило било снимено на ГПС. Нивните искази не се поклопуваат во ворска со давењето на детето затоа што додека возеле тоа се разбудило и тогаш ја задавиле. Двајцата осомничени давале различни одгвори за тоа кој од нив е давителот но потврдиле дека потоа телото го фрлиле на депонија.

Ден и ноќ се собираат докази. Еден од убијците има блокада и не се сеќава каде го оставил телото. Факт е дека нивните приказни се совпаѓаат со деталите од ударот, но не се договориле за убиството на детето. Данка била во несвест по ударот од автомобилот но мислеле дека е мртва па се изненадиле што се разбудила, објаснил шефот на српската крим полиција.

ПредходнаЕК: Механизмот за реформи и раст за Западниот Балкан ќе го забрза напредокот на земјите од регионот кон ЕУ
СледнаАнкета: Нова демократија со двојно повисок рејтинг од СИРИЗА во пресрет на евроизборите