дома Свет Американската министерка за финансии ги предупреди кинеските компании да не и помагаат...

Американската министерка за финансии ги предупреди кинеските компании да не и помагаат на Русија

10

   Американската министерка за финансии Џенет Јелен денеска ги предупреди кинеските компании да не и помагаат на Русија на кој било начин, објавија странските агенции.

„Компаниите, особено кинеските, не треба да даваат материјална поддршка за руската војна против Украина, за руската одбранбена индустрија“, нагласи Јелен во Гуангжу.

Таа се закани со „сериозни последици“ за оние кои го прават тоа.

Американската министерка за финансии од четвртокот е во посета на Кина.

Таа е уште еден претставник на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, кој го повика Пекинг да не и помага на Москва.

Кина се обидува да посредува за решавање на украинскиот конфликт, но не ја осуди целосната инвазија на Русија на соседната земја.

ПредходнаМаричиќ: Планот за раст ни дава дополнителна сила и мотивација да не се откажуваме од европската иднина
СледнаВархеји: Исплатата на првите средства од Планот за раст на Западниот Балкан е можна пред летните одмори