дома Живот Училиштата во Њујорк утре ја откажуваат наставата поради целосното затемнување на Сонцето

Училиштата во Њујорк утре ја откажуваат наставата поради целосното затемнување на Сонцето

12

  Голем број училишта во северниот дел на Њујорк одлучија да ја откажат или скратат наставата на 8 април поради очекуваното целосно затемнување на Сонцето.

Официјално образложение за ваквата одлука е сообраќајниот метеж што ќе настане поради затемнувањето, но неофицијален мотив е и обид на училиштата да избегнат одговорност за евентуално оштетување на очите што би го претрпеле учениците од набљудувањето на затемнувањето без заштита во училишната средина, пренесува Њујорк пост.

Затемнувањето на Сонцето ќе биде видливо во 15:18 часот по локално време (9:18 часот по средноевропско време), односно во делот од денот кога учениците се враќаат дома од училиште.

ПредходнаОд професорка по латински јазик во Скопје, до исполнет и креативен живот во струшко Луково
СледнаСе огласи новинарот Салиу: Со моето однесување можеби влијаев ситуацијата да ескалира