дома Свет Американската војска уништи 80 дронови и шест проектили лансирани од Иран и...

Американската војска уништи 80 дронови и шест проектили лансирани од Иран и Јемен

7

 Американските сили, со поддршка од разорувачи на европската команда на американската војска, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички ракети насочени кон Израел од Иран и Јемен во саботата и неделата, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).Американските сили, со поддршка од разорувачи на европската команда на американската војска, уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички ракети насочени кон Израел од Иран и Јемен во саботата и неделата, објави денеска Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ).

Во саботата вечер Иран изврши напад на израелска територија со беспилотни летала и проектили како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во Сирија на 1 април, во кој беа убиени високи команданти на Револуционерната гарда.

Нападот со повеќе од 300 проектили и беспилотни летала, од кои повеќето лансирани од Иран, предизвика само скромна штета бидејќи најголемиот дел беше соборен од израелскиот систем за противвоздушна одбрана со помош на САД, Велика Британија, Франција и Јордан. „ЦЕНТКОМ и натаму ја поддржува одбраната на Израел од опасните акции на Иран. Ќе продолжиме да соработуваме со сите наши регионални партнери за да ја зголемиме регионалната безбедност“, соопшти американската војска.

ПредходнаЗошто Иран го нападна Израел?
СледнаАфера „Пипергејт“: Во пресрет на евроизборите Фон дер Лајен се соочува со обвиненија за кронизам