дома Свет Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се...

Почина човекот што се самозапали пред судот во Њујорк каде што се води процесот против Трамп

7

 Почина човекот кој вчера се самозапали пред судот во Менхетен, каде што се води судски процес против поранешниот претседател на САД Доналд Трамп.

Мажот, идентификуван како Максвел Азарело (37) од Флорида, починал во болница од здобиените повреди, објавија американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Тој вчера пред судот се полил со течност и се запалил, а претходно во околниот парк делел памфлети со теории на заговор.

Поранешниот претседател Трамп бил во судската палата, но си заминал во моментот на инцидентот.

Според сознанијата на полицијата, Азарело пристигнал во Њујорк од Флорида минатата недела. Тој немал криминално досие, а неговото семејство во Флорида не знаело дека отпатувал во Њујорк.

Засилено е обезбедувањето на просторото околу судот, а поставени се и барикади. На противниците и на приврзаниците на Трамп им е дозволено да се соберат на демонстрации во блискиот парк, но досега поголеми собири нема.

ПредходнаМладите од „Гејм Хаб“ Крива Паланка го донираа целодневниот промет на семејство од ранлива категорија
СледнаПоделеност во коалицијата „Србија против насилство“- пет членки гласаа за учество на изборите во Белград, четири беа против