дома Спорт Покетино за поразот од Сити: Ни недостасуваше ефикасност

Покетино за поразот од Сити: Ни недостасуваше ефикасност

30

– Лесно е да се објасни. Примивме гол во момент кога не требаше да го дозволиме тоа. Во нападот ни недостигаше ефикасност, имавме многу шанси, но не постигнавме гол. Мислам дека бевме малку подобри во играта и заслуживме повеќе, но не се работи за заслужување, туку за искористување на шансите, што не го направивме денес. Постигнавме шест против Евертон во понеделникот, но не можевме да постигнеме гол на оваа средба, иако имавме можеби повеќе и почисти шанси, рече тренерот по натпреварот.

Манчестер сити во финалето на ФА Купот ќе се соочи со победникот од дуелот Ковентри – Манчестер јунајтед.

ПредходнаНовинар го искритикува Гвардиола: Имаш по двајца играчи од светска класа на секоја позиција, а кукаш за календарот
СледнаМанчестер сити постави клупски рекорд