дома Свет Техеран за неколку дена ќе ја добие првата серија купени руски борбени...

Техеран за неколку дена ќе ја добие првата серија купени руски борбени авиони Су-35, објави ирански весник

28

Агенцијата појаснува дека изданието не открива повеќе детали, но според неофицијални информации, набавката вклучува вкупно 24 борбени авиони.

ДПА потсетува дека минатата година иранското Министерство за одбрана објави набавка на борбени хеликоптери Ми-28Н и авиони за обука на пилоти Јак-130, како дополнување на договорот за купување борбени авиони Су-35.

Се претпоставува дека Иран за возврат и дава воена помош на Русија, посочува ДПА, потсетувајќи дека Западот го обвинува Техеран дека и испорачувал на Москва беспилотни летала камикази „Шахед“.

ПредходнаБлинкен ќе ја посети Кина од 24 до 26 април, соопшти американскиот Стејт департмент
СледнаБербок по одобрувањето помош за Украина: Тоа е ден на доверба за Украина и за безбедноста на Европа