дома Свет УНРВА: На секои 10 минути загинува по едно дете во Појасот Газа

УНРВА: На секои 10 минути загинува по едно дете во Појасот Газа

34

„По едно дете е убиено на секои 10 минути во Појасот Газа. Жално е што голем број деца се повредени во интензивните и често неселективни израелски напади. Моментално примирјето е последната преостаната надеж“, се вели во објавата на УНРВА на мрежата Икс.

Бројот на загинати во Појасот Газа се зголеми на најмалку 34.049, по повеќе од шест месеци војна меѓу Израел и Хамас, соопшти денеска палестинското Министерство за здравство, пренесе претходно Си-Ен-Ен.

ПредходнаДва хеликоптери на јапонските сили за самоодбрана се урнаа во морето, јавија јапонските медиуми
СледнаИран ги демантира информациите за претстојна испорака на борбени авиони Су-35 од Русија