дома Спорт Барселона до крајот на сезоната без Френки де Јонг

Барселона до крајот на сезоната без Френки де Јонг

38

Во вчерашното Ел Класико во рамки на 31. коло во Ла Лига во кое Барселона загуби од Реал Мадрид (2:3), Де Јонг беше изнесе од теренот на носилки во финишот на првото полувреме и заменет со Педри.

Според проценките, Де Јонг ќе се закрепне до почетокот на Европското првенство кое ова лето ќе се одржи во Германија и ќе може да се најде во составот на холандската репрезентација. Холандија на ЕУРО2024 е во група со Франција, Полска и Австрија.

Оваа сезона 26-годишниот Де Јонг одигра 30 натпревари и постигна два гола.

ПредходнаКанаваро официјално нов тренер на Удинезе
СледнаМедиуми: Чави би можел да остане на клупата на Барселона