дома Uncategorized Белингем си постави високи цели – два трофеи со Реал и европска...

Белингем си постави високи цели – два трофеи со Реал и европска титула со Англија

Реал Мадрид во неделата го совлада директниот конкурент Барселона и дојде на чекор до освојување на шпанската титула, а неколку денови претходно го симна од европскиот трон Манчестер Сити во Лигата на шампионите и се пласираше во полуфиналето.

„(Трите трофеи) е нешто што многу го посакувам. Се уште ни претстојат уште неколку натпревари во Ла Лига, а не не очекуваат и многу тешки пресметки против Баерн Минхен. Што се однесува до Евро 2024 – се надевам дека ќе бидам во одлична форма“ рече Белингем, по вчерашната церемонија на доделувањето на наградите на Светската спортска академија Лауреус.

Белингем постигна 21 голови на 36 натпревари за Реал Мадрид откако минатото лето дојде во Кралскиот клуб за 103 милиони евра од Борусија Дортмунд.

ПредходнаЛиверпул две недели без повредениот Жота
СледнаЕмери останува на клупата на Астон Вила