дома Свет Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

Грција зафатена од прашина од Сахара, најизразена во јужниот дел на Пелопонез

6

Прашина од Сахара денеска ја зафати Грција, а појавата беше најизразена на полуостровот Пелопонез, особено во јужниот дел и градот Каламата, јави дописничката на МИА од Атина.

Поради големата концентрација на африканска прашина, небото ја промени бојата во жолто-портокалова, а локалните медиуми од Каламата коментираат дека градот денеска повеќе наликува на Каиро или Дубаи.

Сахарската прашина денеска ја зафати и Атина, но со помал интензитет во споредба со јужните делови на Грција.

ПредходнаПовеќе од 130 уапсени за време на пропалестинските протести во кампусот на Универзитетот во Њујорк
СледнаАрмијата до крајот на месецот ќе предложи начин за отслужување на задолжителниот воен рок