дома Uncategorized Емери останува на клупата на Астон Вила

Емери останува на клупата на Астон Вила

Раководството на англискиот фудбалски прволигаш Астон Вила ја продолжи денеска соработката со тренерот Унаи Емери до крајот на 2027, објавија денеска британските медиуми.

Според „Атлетик“, Емери останува на клупата на Астон Вила како награда за добрите резултати оваа сезона на клубот од Бирмингем.

Астон Вила се пласираше во полуфиналето на Конференциската лига и во моментов се наоѓа на четвртото место на табелата во Премиер лигата, позиција која води во Лигата на шампионите следната сезона.

Атлетик објави дека сопствениците на клубот од Бирмингем планираат долгорочна соработка со Емери и го гледаат 52-годишниот шпански стратег како нова верзија на Алекс Фергусон, кој 26 години успешно го водеше Манчестер Јунајтед.

ПредходнаБелингем си постави високи цели – два трофеи со Реал и европска титула со Англија
СледнаТајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1