дома Свет САД ги осудија севернокорејските полети на балистички ракети

САД ги осудија севернокорејските полети на балистички ракети

Тој истакна дека провокациите на Пјонгјанг ќе бидат осудени во текот на посетата на државниот секретар Ентони Блинкен на Пекинг од среда до петок.

– Зборуваме за неодамнешното лансирање балистички ракети од страна на КНДР. Тој и сите останати полети на балистички ракети од изминатите години ги нарушуваат многубројните резолуции на Советот за безбедност на ОН, изјави Милер на брифинг.

Тој додаде дека тие „претставуваат закана за регионалниот и меѓународниот мир и безбедноста, и очигледно тоа прашање ќе биде на дневен ред кога државниот секретар ќе отпатува за Пекинг“.

На брифингот во пресрет на посетатат на Блинкен на Кина, висок службеник на Стејт департментот изјави дека шефот на американската дипломатија ќе ја разгледа „заканувачката“ реторика и „несовесните“ дејства на Северна Кореја со високи кинески службеници.

ПредходнаШпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба извршена од католичко свештенство
СледнаПовеќе од 130 уапсени за време на пропалестинските протести во кампусот на Универзитетот во Њујорк