дома Свет Германија инвестира 25 милиони евра во отворање нови работни места за Палестинците

Германија инвестира 25 милиони евра во отворање нови работни места за Палестинците

Германија ќе инвестира 25 милиони евра во отворање нови работни места за Палестинците, почнувајќи од Западниот Брег и во источниот дел на Ерусалим, а целта на иницијативата е да се отворат 25.000 нови работни места во оваа област во рок од три години.

Иницијативата ја договорија германската министерка за развој Свења Шулц и новиот палестински премиер Мухамед Мустафа, се наведува на веб-страницата на германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (БМЗ).

„Невработеноста на Западниот Брег практично се зголеми тројно и сега изнесува 40 отсто“, рече Шулц.

Според неа, иницијативата треба да придонесе и за зачувување на постоечките работни места за Палестинците.

„Ужасниот терористички напад на Хамас и тековната војна во Газа веќе предизвикаа огромно страдање на Израелците и Палестинците“, нагласи Шулц.

ПредходнаДачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
СледнаХамас објави видео од израелско-американски заложник