дома Uncategorized Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања

ПредходнаЧалханоглу: Освојувањето на Скудетото во дербито е моја одмазда кон навивачите на Милан
СледнаТевез итно пренесен во болница