дома Свет Мекалистер: ЕП, со својата одлука за Инструментот за Западен Балкан, покажа поддршка...

Мекалистер: ЕП, со својата одлука за Инструментот за Западен Балкан, покажа поддршка за Западен Балкан на патот кон ЕУ

6

„Го поздравувам фактот што ЕП го усвои новиот Инструмент за реформи и раст за Западен Балкан. Со ова беше финализирана подолга фаза од преговорите меѓу Европската комисија и Советот на ЕУ и ЕП. На крајот, ова инструментот беше (поддржан од) огромно мнозинство во ЕП, што покажува дека ние во ЕП… се залагаме за натамошна поддршка за нашите партнери од Западен Балкан на нивниот пат кон членство во ЕУ, на нивниот пат кон европска интеграција“, нагласи Мекалистер.

Тој додаде дека политиката за проширување на ЕУ е повторно на дневен ред, што, како што рече, е една од последиците на руската војна во Украина.

ПредходнаЕрдоган: Турција нема повеќе интензивни трговски односи со Израел
СледнаДачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите