дома Спорт Рангник потврди за разговорите со Баерн

Рангник потврди за разговорите со Баерн

6

Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник призна дека имал разговор со шефовите на Баерн Минхен и го информирал раководството на австриската фудбалска централа. Во моментов тој сепак е фокусиран на селекцијата на Австрија и на претстојното Европско првенство.

-Со австриската федерација имаме односи засновани на целосна доверба. Овде се чувствувам добро. Во моментов нема причина да се занимаваме интензивно и конкретно со ова прашање, изјави Рангник.

Запрашан кога ќе дојде таков момент, 65-годишниот германски стручњак одговори: „Баерн стапи во контакт со мене и веднаш ја известив австриската федерација. Ако Баерн ми каже: „те сакаме“, тогаш ќе морам да се прашам дали тоа го сакам“.

На прашањето дали евентуален договор со Баерн Минхен ќе влијае на настапот на Австрија на Европското првенство, Ралф Рангник прокоментира: „Нема да играме подобро ако кажам дека дефинитивно ќе бидам тука во следните четири години“.

-Ако одлучам да правам нешто друго, прво ќе разговарам за тоа со репрезентацијата на Австрија. Финансиската страна не игра улога за мене. Она што ме мотивира е шансата да развијам тим кој ќе биде успешен, додаде Рангник, кој има договор со локалната федерација до 2026 година.

ПредходнаПретседателот на Милан одби да потврди дали Пиоли ќе остане на чело на тимот
СледнаПри отворањето на Олимпијадата небото над Париз ќе биде забранета зона за летови