Новинарите во Србија, како што објави Здружението на новинари на Србија од истражувањето, во голема мера се соочуваат со дигитално насилство и растечка самоцензура.
„Повеќе од половина од анкетираните новинари признале дека се откажале од објавување на некои медиумски содржини што ги произведувале“ и како најчести причини ги навеле стравот за безбедност, притисокот од работодавачот и етичките дилеми, се вели во соопштението.
Новинарите како најчест вид ги наведоа институционалните притисоци (46 проценти), кои вклучуваат спречување пристап до медиумски настани и злоупотреба на положбата на надлежните органи.
Вториот најчест вид на закана за слободата на медиумите е економскиот притисок или несигурноста на работата (40,2 проценти) и вербалните закани (30,5 проценти).
Новинарите кои известуваат за незаконски активности и корупција најмногу се изјасниле дека пријавиле закани до полицијата и обвинителството.
Речиси сите новинари (90 проценти) ја оценија како несоодветна реакцијата на надлежните органи во случаите на пријавени закани.
Најголем број закани, според испитаниците, се од анонимни испраќачи (14,1 отсто), граѓаните кои се декларираат како поддржувачи на политичка партија (14,1 отсто) и јавните функционери (13,1 отсто).
Секој четврти новинар кој бил изложен на закани, напади и притисоци изјавил дека овие ситуации влијаеле на неговото физичко здравје, додека 40 отсто од испитаниците забележале вознемиреност, чувство на непријатност и страв – се вели во соопштението.
Истражувањето за безбедноста на новинарите во 2023 година се заснова на анкета во која учествувале 130 новинари и други медиумски работници.