дома Култура Библиотеката „Кочо Рацин“-Тетово ги награди најдобрите ученички поетски творби по повод Светскиот...

Библиотеката „Кочо Рацин“-Тетово ги награди најдобрите ученички поетски творби по повод Светскиот ден на книгата

6

Тетовската библиотека „Кочо Рацин“ денеска организираше манифестација на која беа доделени наградите за најдобри поетски творби на учесниците на литературниот конкурс за поетска творба на тема „Преку книгата го осознавам светот“ на кој учествуваа ученици од основните училишта од тетовскиот регион. Со овој настан беше одбележан и 23 Април – Светскиот ден на книгата и авторското право.

-Според комисијата, творби се пристигнати од сите училишта од Тетово и Тетовско имаше голема заинтересираност и беше многу тешко да одлучат за прво, второ и трето место. Не радува фактот што еве и малите деца учествуваа на овој конкурс од шесто до деветто одделение. Заинтересираноста е голема, тие сакаат да творат, па ќе бидат наградени од наша страна, изјави Ѓултен Ајрули од НУ Библиотека „Кочо Рацин“

На македонски јазик прво место освои Рахела Степаноска од ООУ „Гоце Делчев“ – Тетово, додека второ место Дарија Михајловска од ООУ „А.С. Кикиш“ и Александра Сотировска од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ -Теарце. Трето место освоија Андреа Матовска од ООУ „Александар Здравковски“ Јегуновце, Каролина Петковска ООУ Кирил Пејчиновиќ“ – Теарце и Давид Илиески од ООУ „С. Настоски“- Вратница.

На албански јазик прво место освои Аида Вејсели, второ место Линарт Османи и Блина Хајрулаи, додека трето место Елиза Зилбеари, Туана Адеми и Онисла Реџепи. Пофалници беа доделени и за творби напишани за турски јазик.

ПредходнаБелорусија: Спречен напад од Литванија; Вилнус ги отфрла тврдењата
СледнаДодик повика на „разговори на институционално ниво за одвојување“