дома Култура Битолскиот театар гостува во Нови Сад на „Денови на Игор Вук Торбица“

Битолскиот театар гостува во Нови Сад на „Денови на Игор Вук Торбица“

6

Домаќин и организатор е Српскиот народен театар, а битолските актери ќе настапат утревечер со претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ која во 2019 година ја режираше Торбица со асистенција на Јова Ристовски.

Во претставата учестуваат актерите Маја Андоновска-Илијевски, Огнен Дранговски, Соња Михајлова, Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Никола Стефанов, Викторија Степановска-Јанкуловска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Сандра Грибовска и Анастазија Христовска.

Покрај македонски актери, на „Денови на Игор Вук Торбица“ годинава настапуваат и драмскиот театар „Гавела“ од Загреб, Народен театар „Тошо Јовановиќ“ од Зрењанин и Народен театар-Белград, чии актери вечер ја отвораат манифестацијата во Нови Сад.

ПредходнаДачиќ и Кетрин Ештон разговараа за дијалогот меѓу Белград и Приштина, ЕУ и регионот
СледнаШпанската левица сака Санчез да остане премиер, десницата бара гласање за доверба