„Отпадничките структури на босанските муслимани одамна ја напуштија уставната рамка и отстапуваат од се што претставува Дејтонската Босна и Херцеговина. Можеби Комшиќ мисли дека успеал да направи нешто затоа што останал воздржан, но тоа суштински не менува ништо, освен што ни е јасна пораката на нас во Република Српска дека јавно покажаа дека сè што правиме за да ја зачуваме нашата уставна позиција е правилно и единствено можно во услови на постојано подметнување и обиди за уривање на Република Српска и заобиколување на процесот на одлучување со еднострано дејствување“, рече Додик.
Тој додаде дека тоа „отвора нови перспективи за РС“.
„Па, веќе не е толку невообичаено да се каже и да се очекува Република Српска да го стори истото. Има механизми за тоа. Потребно е да го официјализираме нашето мирно одвојување кое босанските муслимани го иницираа со своите еднострани потези и уривање на уставниот поредок. Би било најдобро за сите кои живеат во Босна и Херцеговина да започнеме дискусии за одвојување на институционално ниво, бидејќи мирното раздвојување е факт и треба да се направи се за да се обезбеди стабилност и соработка на начин кој е можен“, додаде Додик.