Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, е во медиумска тајност од средината на јануари, кога прво направила операција на абдоменот, а потоа открила дека има рак. Светот остана шокиран кога таа преку видео порака објави дека веќе е во почетна фаза на лекување.
Сега се појави ново видео од британската принцеза. Вниманието на сите го привлече лузната на нејзината глава, која беше многу впечатлива. Ова доведе до шпекулации за тоа како таа ја добила и дали можеби тоа било здравствен проблем.
Оваа лузна на левата страна првпат беше забележана во 2011 година кога Кејт присуствуваше на настан во Кларенс Хаус. Со оглед на тоа што гласините за оваа лузна станаа тема број еден во британската јавност, палатата мораше да излезе со соопштение и да стави крај на сите несоодветни шпекулации.
– Лузната принцезата ја добила во детството – пишува во соопштението.
Сепак, кралскиот експерт Кејти Никол разговараше со Ен Печинг која работеше во Марлборо кога Кејт беше студентка.
– Не се сеќавам дека нешто се случило на теренот за хокеј што би имало некаква врска со лузната. Кетрин имаше операција. Таа се врати на училиште многу брзо после тоа. Како и обично, ништо не и беше премногу. Никогаш не можете да ја обвините Кејт дека е „драма квин“ (кралица на драмата), но Керол беше многу загрижена, како и секоја мајка“, рече Ен.
Кејт Мидлтон не е единствениот член на кралското семејство со лузна. Трага на челото има и нејзиниот сопруг принцот Вилијам. Тоа се случи за време на играње голф во неговото училиште во Вокингем во 1991 година, кога идниот крал беше удрен по глава со палка за голф. Тогаш осумгодишниот Вилијам бил пренесен во болница, каде му била укажана помош поради повредите.