дома Uncategorized Почина Велибор Џаровски-Џаро

Почина Велибор Џаровски-Џаро

51

 По кратко боледување, утрово на 75-годишна возраст почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на поранешна Југославија, потврди неговото семејството.

Џаровски соработуваше со најголемите југословенски естрадни ѕвезди – Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза Кесовија, Лепа Брена…, на кои им организираше и турнеи.

Тој има изјавено дека организирал 5.000 концерти и бројни турнеи во повеќе од тридецениската кариера како менаџер.

Минатата година беше промовирана биографската книга за Велибор Џаровски – Џаро, „Живот на коцка“. Авторка на книгата е неговата ќерка, новинарка Милица Џаровска, која на еден забавен начин ги носи читателите на возбудливо патување низ животот на Џаро. Книгата ја издаде издавачкиот центар „Три“.

ПредходнаНедовршен портрет од Густав Климт, продаден за 30 милиони евра
СледнаТен Хаг не ги прифаќа критиките кон Јунајтед