дома Култура Предвелигденски културен викенд во Демир Хисар

Предвелигденски културен викенд во Демир Хисар

6

Од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар соопштија дека в сабота во Дом на кулутура „Илинден“ премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Женами се вика Борис“ од Рафи Шарт во режија на Благој Николов, а в недела напладне на градскиот плоштад ќе се одржи седмото издание на националниот фолклорен фестивал „Велигденски фолклорни средби“.

Во претставата „Женами се вика Борис“ настапуваат актери од драмското студио што работи во рамки на Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар, додека на фестивалот „Велигденски фолклорни средби“ ќе настапат КУД „Илинден” од Битола, КУД „Бисер” од Кичево, КУД „Ѓердан од бисери” од Охрид и домаќините КУД „Илинден” од Демир Хисар.

Манифестациите се одржуваа со поддршка на Општина Демир Хисар и Министерството за култура.

ПредходнаФудбалерите на Челси сакаат Покетино да остане
СледнаДачиќ и Кетрин Ештон разговараа за дијалогот меѓу Белград и Приштина, ЕУ и регионот