дома Свет Халил ал-Хаја: Хамас е подготвен на примирје со Израел во случај на...

Халил ал-Хаја: Хамас е подготвен на примирје со Израел во случај на „решение со две држави“

Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, нагласи дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот Брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.

Тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено и оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.

– Израелските сили не уништија повеќе од 20 отсто од силите на Хамас. Ако не можат да го докрајчат Хамас, кое е решението? Решението е договор, изјави Ал Хаја.

Хамас, како што наведе, направи отстапки за време на преговорите со Израел, но нема да се откаже од барањето за траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските војници.

– Ако не сме убедени дека војната ќе заврши, зошто да ги предадеме затворениците?, праша Ал Хаја.

ПредходнаСАД собориле четири дронови над Јемен
СледнаСтотина приведени на протест во Ереван поради разграничувањето со Азербејџан