дома Магазин Дали односот меѓу Кејт и Вилијам е расклатен?

Дали односот меѓу Кејт и Вилијам е расклатен?

8

Во март, светот го потресе веста дека принцезата од Велс, Кејт Мидлтон (42) се лекува од рак. Ова изненадувачко откритие доведе до шпекулации и загриженост кај јавноста, бидејќи многумина се обидоа да го разберат нејзиното држење подалеку од очите на јавноста претходните месеци.Во видеото што беше објавено, принцезата храбро откри дека е на превентивна хемотерапија, што предизвика излив на поддршка и желби за нејзино брзо закрепнување.

Таа раскажа дека додека се лекува, нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, и е најголемата поддршка.

Вилијам, исто така на свој начин се соочува со тешка ситуација бидејќи се грижи за кралските должности додека неговиот татко, кралот Чарлс, се бори со истата дијагноза. Иако на социјалните мрежи се шират сомнежи во опстанокот на нивниот брак, астролозите истакнуваат дека нивната компатибилност е неспорна, што нуди надеж за светла иднина на овој кралски пар.

Извори од палатата не дадоа официјални изјави за моменталната ситуација, но според зборовите на принцот Вилијам неодамна – дека на сите им оди добро – даваат дополнителна надежта и охрабрувањето дека принцезата Кејт ќе гп надмине ова тешко искушение.

” Сите се добро, благодарам. Да, добро ни оди“, одговори Вилијам

ПредходнаИзборите во С. Македонија и геополитичката слепост на ЕУ
СледнаЕма Стоун сака да ја нарекуваат со нејзиното вистинско име