дома Свет ЕУ најави мерки за спречување на злонамерното однесување на Русија во кибер...

ЕУ најави мерки за спречување на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот

7

Во изјавата се посочува дека Германија денеска сподели оценка за упад на AПT28 на различни и-мејли на раководството на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), а Чешка во исто време објави дека и нејзини институции биле цел на оваа кибер кампања. Борел потсетува дека претходно беа мета на истиот чинител беа и државни институции, агенции и ентитети во други земјите членки на ЕУ, меѓу кои и во Литванија, Полска, Словачка и Шведска, како и дека во 2020 година Унијата воведе санкции за поединци и субјекти одговорни за нападите на АПТ28 насочени кон германскиот Федерален парламент во 2015 година.

– Злонамерната кибер кампања го покажува континуираниот модел на неодговорно однесување на Русија во кибер просторот, таргетирајќи ги демократските институции, владините ентитети и провајдерите на критична инфраструктура низ Европската Унија и пошироко. Овој тип на однесување е во спротивност со нормите на ОН за одговорно државно однесување во кибер просторот, како што е нарушување на користењето и работењето на критичната инфраструктура. Занемарувајќи ја меѓународната безбедност и стабилност, Русија постојано го користеше APT28 за да спроведе злонамерни кибер активности против ЕУ, нејзините земји членки и меѓународните партнери, особено Украина, се додава во изјавата на Борел дадена во име на Европската Унија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Борел нагласува дека ЕУ нема да толерира такво злонамерно однесување, особено активности кои имаат за цел да ја деградираат критичната инфраструктура, да ја ослабат општествената кохезија и да влијаат на демократските процеси, имајќи ги предвид избори во ЕУ и во повеќе од 60 земји во светот што се одржуваат во текот на оваа година.

– ЕУ и нејзините земји членки ќе продолжат да соработуваат со нашите меѓународни партнери за промовирање на отворен, слободен, стабилен и безбеден кибер простор. ЕУ е решена да го искористи целиот спектар на мерки за спречување, одвраќање и одговор на злонамерното однесување на Русија во кибер просторот, се додава во изјавата.

ПредходнаИзложба на уметничка фотографија во Битола посветена на Мирко Попов
СледнаПиоли: Почекајте уште малку за да разговараме за мојата иднина