дома Живот “Убавината нема рок на траење” Новата Мис Буенос Аирес има 60...

“Убавината нема рок на траење” Новата Мис Буенос Аирес има 60 години

7

Алехандра Мариса Родригез има 60 години и е новата Мис Универзум на Буенос Аирес. Алехандра, по професија новинарка и адвокатка, ја освои титулата за најубава жена во Буенос Аирес, со што се квалификуваше за натпреварот Мис Универзум Аргентина.

Алехандра доби шанса да се натпреварува на изборот за Мис Универзум откако старосната граница, која беше во сила од 1958 година, беше укината на крајот на 2023 година, што значи дека натпреварот повеќе не е ограничен на учесници на возраст меѓу 18 и 28 години. . Се бара само тие да бидат полнолетни, а Алехандра видела можност и се пријавила и победила и  многу помлади девојки.

„Многу сум возбудена и почестена што ја освоив титулата. Сакам да им покажам на сите жени дека убавината не е поврзана со годините и дека можеме да ги скршиме бариерите“, изјавила таа.

Алехандра откри дека убавината ја одржува преку вежбање и здрава исхрана и нега на лицето. Инаку, таа е разведена и живее сама, а се пошегува дека и овој факт можеби придонел за нејзиниот успех на натпреварот.

 

ПредходнаЕма Стоун сака да ја нарекуваат со нејзиното вистинско име
СледнаПочесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал