дома Свет Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата...

Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа

25

Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа.

Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да го угости јорданскиот крал Абдула Втори на приватен ручек во Белата куќа.

Нетанјаху вчера го отфрли меѓународниот притисок за прекин на војната во Газа, велејќи дека ако Израел биде принуден да биде сам, ќе остане сам.

„Им велам на светските лидери: никаков притисок, ниту една одлука на кој било меѓународен форум нема да го спречи Израел да се брани“, рече тој, зборувајќи на англиски и додаде „никогаш повеќе е сега“.

ПредходнаНовинарите на РАИ штрајкуваат поради кратење на буџетот, цензура и медиумска репресија
СледнаЏефрис: Постои можност од воена интервенција на САД во Украина