дома Спорт Двократен европски првак загина во војната во Украина

Двократен европски првак загина во војната во Украина

30

Двократниот европски шампион во кревање тегови во категоријата до 85 килограми, Олександр Пиелиешенко загина во војната против Русија на 30-годишна возраст, соопшти денеска украинската Федерација во кревање тегови.

Пиелиешенко загинал во руски воен напад изминатат ноќ.

Европските титули ги освои во 2016 и 2017, а настапуваше под украинското знаме на Олимписките игри 2016 во Рио де Женеиро на кои го освои четвртото место.

Беше суспендиран во 2018 година поради допинг.

ПредходнаХамас објави дека го прифатил предлогот за прекин на огнот, за Израел прифаќањето „помека“ верзија на договорот е неприфатливо
СледнаМакрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва