дома Свет Шефот на МААЕ, Гроси пристигна во посета на Иран

Шефот на МААЕ, Гроси пристигна во посета на Иран

25

Гроси со претставници на иранските власти ќе разговара за нуклеарната програма на земјата.

Тој ќе учествува на меѓународната конференција за нуклеарни науки и технологии и ќе се сретне со „највисоките претставници на нуклеарната програма и политичките власти“ во Иран, јавија иранските медиуми.

Гроси се надева дека ќе го зајакне надзорот на МААЕ врз иранската нуклеарна програма по серијата неуспеси во тој поглед. Но, аналитичарите и дипломатите велат дека тој има само ограничена моќ и треба да внимава да не добие празни ветувања, наведуваат агенциите.

ПредходнаПет работници го загубија животот, а еден е повреден во Палермо
СледнаНовинарите на РАИ штрајкуваат поради кратење на буџетот, цензура и медиумска репресија