дома Свет Во израелските напади оштетени или уништени се околу 50 проценти од зградите...

Во израелските напади оштетени или уништени се околу 50 проценти од зградите во Појасот Газа

23

Според истражувачите најголемо разурнување имаше во првите три месеци од судирот.

Во првите шест недели од војната 60 проценти од здравствените институции се оштетени или разурнати.

УНИЦЕФ на 25 април објави дека 408 училишта се оштетени (најмалку 72,5 отсто), како и 61,5 проценти од џамиите се оштетени или уништени.

Според процените на ОН од почетокот на мај за обнова на Појасот Газа потребни се од 30 до 40 милијарди долари.

Во меѓувреме, палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека во израелската офанзива преземена по 7 октомври минатата година, кога Хамас го нападна Израел, загинале 34.789 луѓе. Според податоци на Обединети нации, 70 отсто од жртвите се жени и деца.

ПредходнаКурти: Србија пропагира за насилство врз Србите во Косово, а фактите го кажуваат спротивното
СледнаПашињан најави можност за потпишување мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан до ноември