дома Свет Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за...

Катовице: Во салата каде попладнево ќе заседава полската влада пронајден апарат за прислушување

23

Службата за државна безбедност и Агенцијата за внатрешна безбедност ја демонтирале направата и покрената е истрага за тоа кој ја поставил.

Полската влада попладнево ќе одржи вонредна седница во Катовице бидејќи премиерот Доналд Туск и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен се главни гости на меѓународниот економски форум во тој град на југот на Полска.

Владата нема „чувствителни“ теми на дневниот ред на денешната седница, најавено е дека ќе одлучува за помош на граѓаните за плаќање на енергетски производи и предлогот за Законот за дигитални комуникации со кој во полските закони се воведува кодот на Европската унија во таа област.

ПредходнаГрчкото МНР реагира по одлуката на Турција манастирот Хора да работи како џамија
СледнаЊујорк Тајмс: Хамас планира да ги предаде останките на неколку заложници во првата фаза од прекинот на огнот